Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат Купот на Македонија. Во финалето во Охрид поуспешен беше тимот на Вардар 1961, кој извојува победа од 31-27. Во текот на сите шеесет минути битолчани го ловеа водството на противникот, а голем хендикеп во вториот дел беше и повредата на столбот на одбраната Илија Абутовиќ.
Дуелот во Охрид го реши одбраната на Врадар и голманот Фереира Еспиња, кој блесна во втората половина од второто полувреме. Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста, во 37.минута ја врати највисоката предност од пет гола, која на крајот рутински ја одржа.
Богдан Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум реализации, додека кај Вардар одлични со по шест гола беа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.
Ракомет
Куп на Македонија 2024/25
Финалe
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 31-27 (17-14)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Црвени картони; Урош Борзаш (Еурофарм Пелистер) и Лансер Родригез (Вардар 1961)
Вардар 1961:
Фереира Еспиња, Гогов, Јагуриновски 6, Аларов 1, Стојановски, Георгиевски, Родригез 2, Крсманчиќ 6, Танкоски 1, Лазаревски 4, Хорига 4, Срдановиќ 1, Николиќ 3, Петриќ 2, Ќосевски, Борозан 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 16 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Брестовац, Манасков 7, Цехте 1, Тајник, Борзаш, Радивојевиќ 8, Кузмановски 4, Костески, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Пешевски 1, Хосни 2, Пав. Атанасијевиќ 1, Мамдух 2
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути
До крајот на сезоната остануваат уште две кола во плеј-офот, а Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид и Вардар 1961.