b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_09_eurof22.jpg

РК Еурофарм Работник денес одржа прес-конференција на која го најави првиот домашен натпревар со Охрид во спортската сала „Младост“ в петок од 18.30 часот.

Александар Зарков (тренер на екипата)

Напорно работиме цела оваа недела да ги отстраниме недостатоците од првиот натпревар против Пелистер. Не успеавме да го наметнеме нашето најсилно оружје, а тоа е полуконтранападот и контранападот. Верувам дека против Охрид ќе го видиме нашето вистинско издание. Игравме повторно дерби натпревар против екипа која има високи амбиции и оваа сезона. Со нив се сретнавме на турнирот во Прилеп и ги победивме, но овој натревар ќе биде многу потежок.

Серџо Барош (ракометар на Еурофарм Работник)

Играме дерби натпревар, знаеме дека против себе имаме квалитетна екипа, но тоа ме мотивира уште повеќе. За разлика од Портуталија, тука се игра многу пофизички, но задоволен сум што гледам ваков амбиент, луѓето зборуваат само за ракометот и убеден сум дека го направив вистинскиот избор.

Бојан Стефановски (спортски директор на Еурофарм Работник)

Официјални ги промовираме сезонските блок влезници кои од утре ќе се продаваат по рекламни цени од 500 денари. Секој кој сака да набави влезница за сите домашни мечеви на Еурофарм Работник ќе може да ги набави во клупските простории од 9.00 до 13.00 часот. Исто така ги пуштивме во продажба и билетите само за мечот со Охрид и тие може да се набават по цена од 50 денари.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723