Јуниорскиот состав на Еурофарм Пелистер како што е познато ќе ја претставуа Македонија на завршниот турнир од Лигата на шампионите во јуни во германскиот Келн.
Ждрепката која денеска се одржа во седиштето на ЕХФ го спои битолскиот состав со данскиот тим ГОГ Гудме во првото полуфинале. За момците од Еурофарм Пелистер ова ќе биде прво учество на елитниот младински собир. До оваа фаза, македонскиот тим стигна со две импресивни победи во квалификацискиот турнир во Букурешт, каде што ги совладаа Киелце и домаќинот Динамо.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат европските гиганти Веспрем и Барселона.
Термините за натпреварите се 14 и 15 јуни, а ЕХФ дополнително ќе ги потврди саатниците за натпреварите.