Селекторот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за ЕХФ неделата пред претстојното Светско првенство за ракометари до 21 година во Полска. На списокот се ракометарите на Еурофарм Пелистер, Давид Брестовац, Самоил Ристевски и Лука Ѓорѓиевски и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Ненад Белистојановски и Мирче Калајџиевски.
Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. На 8 мај е предвиден натпревар против младинската екипа на Бутел Скопје , ден подоцна против Вардар 1961 или Пролет 62.