Кирил Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, го скрати списокот на играчи на кои ќе смета на последните две средби против Естонија и Литванија во квалификациите за ЕП 2026. На списокот се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Павле Атанасијевиќ, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски и Жарко Пешевски.
Првиот меч Македонија го игра на гости кај Естонија. Во Талин ќе судат Португалците Рубен Маиа и Андре Нунеш. Делегат на мечот е Виктор Коноплјатски од Украина. Дуелот се игра на 8 мај во 18:00 часот. Вториот дуел е меѓу Македонија и Литванија во Скопје, со него се затвораат квалификациите. Главни судии ќе бидат Холанѓаните Руд Гераетс и Паул Гераетс.
Собирот се закажува за ден 4 мај 2025 година со почеток во 15:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.