Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25-24 (12-13). Шампионот на Македонија во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.
Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за победата до последните пет секунди. Победата на „зелените“ им аја овозможи најдобриот поединец на натпреварот, голманот Никола Митревски кој забележа 16 одбрани, вклучувајќи и клучната на пет секунди до крајот кога му фати „жива топка“ на Али Зеин.
Најефикасни во редовите на Пелистер беа Тајник со шест, односно Кузмановски и Радовијевиќ со по пет гола. Никола Митревски собра шеснаесет одбрани. Во претпоследното коло, на 27.февруари, Пелистер ќе му гостува на Фуксе Берлин.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А - група
12. коло
Еурофарм Пелистер - Динамо Букурешт 25-24 (12-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 4.000
Судии: Марин Андреу и Игнасио Гарсија
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Тајник 6, Радивојевиќ 5, Кузмановски 5, Пав. Атанасијевиќ 3, Пешевски 2, Хосни 2, Борзаш 1, Мамдух 1, Ристески, Кузманоски, Костески, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Хаџиќ
Седмерци: 6/2
Исклучувања: 4 минути
Динамо Букурешт:
Јанку, Цупара, Кашпарек 5, Негру 4, Вујовиќ 3, Ѓукиќ 2, Станчиу 2, Рошта 2, Ломбросо 2, Трастрасон 1, Лангаро 1, Гомез 1, Али Зеин 1, Блазејевич, Акименко, Милитару
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 6 минути
Следниот натпревар за бодови Еурофарм Пелистер го игра в понеделник против Алкалоид во Битола.