b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_09_SDC12316.JPG

На неколку дена до почетокот на новата ВИП Супер лига, екипата на Еурофарм Работник донесе големо засилување во името на 24-годишниот повремен репрезентативец на Португалија, Серџо Енрике Монтеиро де Барош.

Брзото крило доаѓа од Спортинг Лисабон и денес беше претставен со дресот со број седум. Барош потпиша до крајот на сезоната и ќе биде од голема помош за екипата на Марковски и Зарков.

„Задоволен сум што дојдов во ракометна земја како Македонија. Тука ракометот се сака со голема пасија и верувам дека добро избрав. Запознав ракометни луѓе, ја познавам и екипата и едвај чекам да почне шампионатот“, рече на претставувањето Серџо Барош.

Португалецот настапи на еден натпревар на струшкиот турнир, а денес ќе биде дел од контролниот натпревар на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор во спортската сала „Младост“. Неговиот прв официјален натпревар се очекува на 17 септември против Пелистер.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723