Шампионот на Македонија продолжува со својата стратегија да ги задржи најбитните елементи од последните две шампионски генерации што е можно подолго во клубот.
Во таа линија горди сме и на денешниот потпис. Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нашиот дрес.
По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот.
33-годишниот Жарко Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше уште за Металург и Мотор Запорожје.