РК Еурофарм Пелистер како последна активност оваа година си ја зацрта најважната мисија. Хуманата акција на натпреварот против Вардар 1961 доби успешна реализација. Плишените мечиња и детските играчки кои нашите граѓани, симпатизери, навивачи ги даруваа дојдоа во вистинско раце. Нашите професионалци утрово ги даруваа во основното училиште со ресурсен центар ,,Кочо Рацин’’ од Битола.
Исто така детските играчки беа поделени и во клиничката болница д-р „Трифун Пановски“.
Мисијата успешно завршена!