Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 уште еднаш покажаа дека сезонава немаат конкуренција во Првата лига. Битолчани предводени од искусниот Стефан Дрогришки со девет и Мирче Калајџиески со осум гола славеа на гости кај Аеродром со 22-43.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога Еурофарм Пелистер 2 направи залиха од плус осум. Кон средината на вториот дел, битолчани останаа без Мартин Ивановски, кој доби трето исклучување и црвен картон, но тоа не беше проблем. Избраниците на Александар Зарков само ја зголемуваа предноста и рутински го довршија натпреварот.
Во домашниот состав на Аеродром се истакна Благоја Зафировски со осум гола. Еурофарм Пелистер 2 сега има седум победи на седум натпревари и е главен фаворит за камбек во елитата.
Ракомет
Прва лига 2024/25
Седмо коло
Аеродром - Еурофарм Пелистер 2 22-43 (11-19)
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Лејла Јашар и Викторија Прентоска
Аеродром:
Ѓорѓиевски, Наков 1, Гулевски, Ниновски 1, Ќурчиев 3, Петровски 2, Зафировски 8, Илиевски, Симоновски 1, Ѓуриќ, Миленковски, Босилковски 3, Ристовски 3
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 2, Наумовски 1, Митревски 4, М. Фехми, Марковски, Калајџиовски 8, Пецаковски, Славков 2, Гичев 5, Димовски 2, Ивановски 2, Белистојановски 7, Југовски 1, Дрогришки 9
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 16 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер на први декември го пречекува Овче Поле.