Тимот на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката низа во прволигашката конкуренција и го запиша шестиот триумф во исто толку натпревари. Избраниците на Александар Зарков го совладаа составот на Јехона со убедливи триесет гола разлика.
Победникот беше познат уште по првиот дел, кога домаќините водеа со 22-4, а во второто полувреме продолжи доминацијата.
Ракомет
Прва лига
Шесто коло:
Еурофарм Пелистер 2 - Јехона 41-11 (22-4)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Пеце Стефановски и Наташа Глигоровска
Еурофарм Пелистер 2:
Мартин Јовановски, Младенов, Спасевски, Маркоски 1, Наумовски 3, Митревски 3, А. Фехми 2, Калајџиовски 2, Пецаковски, Славков 4, Гичев 5, Димовски 8, Ивановски, Белистојановски 10, Југовски 3, Дрогришки
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути
Јехона:
Живкоски, Груевски 1, Стојаноски, Тасески 5, Николоски, Бошковски, Рушити, Костовски 1, Димитриевски, Ѓорѓески, Селмани 3, Михајловски, Марко Јовановски 1
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2 е единствена екипа во групата која има максимален учинок во Првата лига. Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе му гостува на Аеродром.