b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_10_CIK_4841.JPG

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 продолжуваат со максимален ефект во Првата лига, откако на гостувањето во Автокоманда кај Металург РА забележаа победа од 17-32 во натпревар од 4. коло од групата А.

Младите битолчани доминираа во двете полувремина, на пауза имаа предност од 6-16, не се опуштија ни за момент во вториот дел и речиси ги казнуваа сите грешки на домашниот тим, кој Најефикасен во победничката екипа беше Стефан Дрогришки со осум погодоци, по шест постигнаа Петар Маркоски и Ненад Белистојановски. Во поразениот табор прво име беше Филип Петровски со шест погодоци, а останатите ракометари не покажаа добра игра.

Ракомет
Прва лига 2024/25
Четврто коло:

Металург РА - Еурофарм Пелистер 2 17-32 (6-16)

Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 100
Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски

Металург РА:
Ангеловски, Христоски 2, Ко. Николовски 2, Савовски, Филиповски, Ристовски, Поповски 2, Стојановски, Крстевски 1, Пановски 1, Анѓелковски 2, Печенковски 1, Стојчевски, Кр. Николовски, Јосифовски, Петровски 6
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 12 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 6, Блажевски, Наумовски 1, Марковски 1, А. Фехми, М. Фехми, Димитровски 2, Калајџиовски 4, Пецаковски, Гичев 1, Димовски, Ивановски 3, Белистојановски 6, Дрогришки 8
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути

По првите три кола во А групата на Првата лига, Еурофарм Пелистер 2 е единствена екипа со максимални четири победи. Еурофарм Пелистер 2 во следното коло од прволигашката конкуренција за ривал го има Кичево.

sponzori 2425

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723