По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година.
18-годишниот Ристовски е продукт на школата на клубот и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија и неговиот квалитет е препознат насекаде.
Потписот на Ристовски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион.