Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите откако на домашен терен загуби од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин со 22-30.
Тренерот Бранислав Ангеловски призна дека неговиот тим загубил од подобар противник.
„Честитки до Фуксе Берлин за победата и одличната игра што ја прикажаа. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во текот на целиот натпревар и успеа да го искористи нашиот пад во првото полувреме. Имаме уште многу за играње, се надевам дека ќе прикажеме и подобри игри. Ме радува што добивме играч и што Самоил Ристевски добро одговори на укажаната доверба“, изјави Ангеловски.
Нареден противник на „зелено-белите“ е Динамо Букурешт, тим кој има „два од два“ во досегашниот дел од групната фаза.