b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_08_rab-steaua.jpg

Стеауа – Еурофарм Работник 33-26 (16-10)

На теренот „Женска плажа“ во Струга, романската екипа Стеауа го совлада нашиот суперлигаш Еурофарм Работник со 33-26 (16-10) и така потврди дека се работи за квалитетна екипа, која несомнено високо котира во домашното првенство.

Романскиот тим добро го започна натпреварот и поведе со 3-0 за брз тајм-аут на Еурофарм Работник. Водени од Пецаковски ракометарите на Еурофарм Работник брзо се консолидираа и израмнија на 8-8. Сепак Стеауа подобро го затвори полувремето и со серија на лесни голови, првиот дел го реши во своја полза со 16-10. Бројот технички грешки на битолската екипа беа главна причина за нешто поосетливото водство.

Второто полувреме започна со нов романски бран и при 20-13 Марковски и Зарков побараа минута одмор. Таа разлика од 5-6 гола гостите предводени од Георгеску ја одржуваа до средината на второто полувреме. Петтиот тим од ланското романско првенство со зрелост и квалитет го приведе мечот кон крај за финална победа од 33-26. Во екипата на Стеауа се истакна Георгеску со 10 гола, а кај Еурофарм Работник најефикасен беше Пецаковски со 7 гола. В сабота во меч за петтото место Еурофарм Работник ќе се сретне со Пелистер.

 

ФОТО: Филип Вирановски – Gol.mk

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723