Денес тренерскиот тандем на Еурофарм Работник, Иван Марковски и Александар Зарков им дадоа слободен ден на ракометарите, а од утре за првпат ќе го претстават и новиот кружен напаѓач, Ашраф Адли. Мароканецот од синоќа е во Битола и полка се запознава со амбиентот, градот и гори од желба да почне со работа.
"Задоволство ми е што дојдов во ракометна земја како Македонија. Луѓето од Еурофарм Работник беа многу професионални и не размислував многу кога ја добив понудата, Во мојата земја три години по ред ја освојувам двојната круна и се надевам дека ќе се наметнам и ќе бидам успешен и во Битола. Во Мароко ракометот е во експанзија, има неколку професионални клубови и добро се работи. Сепак мојата следна цел е да успеам во Европа“, истакна Адли.
Со преку 60 настапи за својата земја Ашраф Адли е првиот Мароканецот кој ќе настапува во македонскиот ракомет.