Ракометнa регионална лига
А група - Трето коло
Еурофарм Пелистер - Дубочица 38-24 (18-13)
Три од три за новиот проект на Еурофарм Пелистер на Лино Червар. Еурофарм Пелистер ја победи Дубочица со 38-24 во натпревар од Регионалната игра. Пелистерци со лесен триумф се загреаа за за новата сезона во македонското првенство. Дубочица не беше дораснат противник за битолчани.
Првото полувреме заврши со водство на Пелистер од 18-13, во вториот дел македонскиот тим не само што ја одржуваше туку и ја зголеми позитивата, конечниот резултат гласеше 38-24.
Атанасијевиќ со единаесет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Кузмановски постигна осум.






