b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_02_vneg.jpg

Еурофарм Пелистер 2 го запиша првиот пораз во плеј-аутот за опстанок во лигата. Младата екипа на Михаил Петровски загуби во Неготино со 24-23, откако прими три гола во самата завршница, а не реализира серија на напади за потврда на победата.

Натпреварот беше класична резултатска нишалка, двата тима се менуваа во предност. Пелистерци во текот на вториот дел имаа предност со 22-23, но со два гола на крајот неготичани дојдоа до победата.

Адамовиќ кај домашните постигна девет гола, кај гостите Калајџиовски постигна осум.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф (трето коло):

Вардар Неготино - Еурофарм Пелистер 2 24-23 (14-13)

Спортска сала: Круме Кепевски
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Вардар Неготино:
Ацев, Кузев, Кузманов 3, Орешков 2, Бугариновиќ 4, Митевски 1, Мицев, Грујовски, Ѓорѓев, Петров, Адамовиќ 9, Митиќ 4, Ицев, Пеовски, Јовановски, Трајанов 1
Седмерци: 4/3
Исклучување: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Талевски 2, Мирчевски 4, Димовски 1, Трпчевски 1, Димитровски 1, Калајџиовски 8, Пецаковски, Ивановски, Југовски, Мијушковиќ 4, Хаџиќ 2
Седмерци: 6/3
Исклучување: 12 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Мулти Есенс во Скопје.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723