b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_02_IMG-796322ac5a570ef0f168aedbbf1c60bd-V.jpg

Еурофарм Пелистер се изнамачи против Охрид и на крајот го скрши отпорот во еден неизвесен и возбудлив натпревар, кој буквално беше решен во завршните седум минути. Охрид имаше три гола предност во првото полувреме и имаше 25-25 во 53. минута, но во самиот финиш потклекна пред притисокот и квалитетот кој го создадоа поискусните и поквалитетни ракометари.

Еурофарм Пелистер постигна два гола во низа и за првпат отиде на плус два на семафорот, а со тоа добија на самодоверба и во последните минути стигнаа до победа од 31-27. Филип Кузмановски дефинитивно прави разлика за „зелено-белите“ на домашна сцена, па денеска со девет гола беше убедливо најдобар поединец на паркетот. Кај гостинскиот тим, Гоце Ојлески постигна седум гола.

Eурофарм Пелистер - Охрид 31-27 (17-17)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.000
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)

Еурофарм Пелистер:
Гедбан 1, Цехте 2, Пјеховски, Манасков 1, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 5, Кузмановски 9, Костески, Петар Атанасијевиќ 2, Павле Атансијевиќ, Ѓорговски 4, Васиљев 1, Пешевски 4, Сери, Кизиќ
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 12 минути

Охрид:
Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 7, Мацуока 2, Јукиќ 6, Стилевски, Пеледија 1, Тасески, Сафранко 3, Кукоски, Крстевски 2, Шешиќ, Орјоникидѕе 1, Бојаниќ 1, Цирар 4
Седмерци: -
Исклучувања: 8 минути

Во следното четврто коло од плеј-офот, Еурофарм Пелистер го пречекува Пролет.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723