b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_02_pelpsg.jpg

Еурофарм Пелистер - ПСЖ 25-31 (9-15)

Салата „Боро Чурлевски“ уште еднаш беше исполнета со надеж за први бодови на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, но чудо не се случи. ПСЖ е пресилен за битолскиот тим и тоа го покажа на теренот. Раул Гонзалез го извади најсилниот состав за почеток на мечот, па на ПСЖ му требаа само неколку минути игра за да покаже кој е кој на овој меч. Францускиот тим влезе фуриозно во мечот и за кратко време беше 1-5. Пелистер се мачеше да парира, негативата се зголемуваше, на полувремето беше 9-15 за гостите.

По паузата на полувремето работите беа поинакви, ПСЖ ја тргна педалата од гас откако го реши прашањето за победникот, па Пелистер изгледаше рамноправно. Конечниот резултат беше 25-31.

За Еурофарм Пелистер на овој меч дебитираше Дејан Манасков кој постигна три гола, а по толку реализираа и Борзаш, Ѓроговски, Пешевски и Радивојевиќ, најефикасен кај ПСЖ беше Шипжак со седум голови, Соле постигна шест. Следниот меч на Еурофарм Пелистер од Лигата на шампионите е на гостински терен кај Кил на 22 февруари.

Еурофарм Пелистер - ПСЖ 25-31 (9-15)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи. 3.500
Судии: Варцлав Хорачек и Јиржи Новотни (Чешка)

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Манасков 3, Цехте 1, Тајник, Борзаш 3, Танкоски 1, Радивојевиќ 3, Кузмановски 2, Костески 2, Петровиќ 1, Петар Атанасијевиќ 1, Павле Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 3, Василев 1, Пешевски 3
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 2 минути

ПСЖ:
Грин 1, Палицка 1, Стеинс 3, Марчан, Нтанзи 1, Кеита 2, Соле 6, Тонесен 1, Гребиј 2, Шипжак 7, Л. Карабатиќ 2, Холм 3, Н. Карабатиќ 1, Пелека, Пранди, Планти 1
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 2 минути

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723