b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_02_ImportedPhoto_1707817607508.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре против ПСЖ во Битола ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. По подолг период на терените се враќа и нашиот долгогодишен репрезентативец Дејан Манасков. На денешната прес-конференција, тој ги сподели очекувањата од утрешниот дуел. Пред новинарите зборуваше и тренерот Бранислав Ангеловски.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

В среда треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи, со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг. Доаѓаат по успесите на Европското првенство. Пристигнува Никола Карабатиќ во последната играчка сезона и посебно ми е драго за тоа.

Лигата на шампионите е секоја година се појака, но ПСЖ е сигурно е еден од фаворитите. Имаат одлична екипа, играат брза транзиција, брза полуконтра и организиран брз центар. Имаат играчи од светска класа на сите позиции и ќе ми биде задоволство да се натпреваруваме со такви величини на играчи и тренери.

Имавме тежок распоред, во три дена играме два битни натпревари. Секој натпревар против Вардар е тежок и има своја историја. Веднаш по Европското првенство, за десетина дена не е лесно да се подготвиш. Употребувавме некои работи кои ќе ги користиме и против ПСЖ. Се обидовме да спремиме тактика за двата натпревари. Победата против Вардар многу ни значи и затоа ПСЖ ни доаѓа во вистински момент. Со помош на исполнетата сала и навивачите, ќе имаме „ветер во грб“, и верувам дека ќе ги повториме игрите од последните натпревари во Лигата на шампионите.

Дејан Манасков
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Помина доста време откако не сум на терените и едвај чекам да започне натпреварот против ПСЖ. Мотивиран сум, за тоа не треба да се разговара. Чест ми е што по една година пауза повторно ќе настапам во Лигата на шампионите. Доволно сме спремни и имаме добар моментум по последната победа против Вардар и очекувам добар натпревар.

ПСЖ повторно е меѓу петте најдобри екипи во Европа. Имаат изграден систем, кој неколку години го играат. Доволно знаеме каков стил негува Раул. Имаат добри поединци, им ја препуштаме фаворитската улога, но нема лесно да ја продадеме кожата. Ќе дадеме максимум пред нашата публика и имаме добри шанси да изненадиме на преостанатите натпревари. Можеби тие се малку уморни по Европското првенство и свежината е на наша страна.

Видовме што беше добро на првиот натшревар во Париз. Тоа што беше лошо ќе го корегираме и в среда ќе бидеме подготвени. Ги знаеме имињата и медалите кои ги освоиле ракометарите на ПСЖ. Но, на теренот победува тој кој повеќе ја посакува победата. Одиме без респект. Зошто да не се надеваме, треба да веруваме во нас, во тоа што го работиме и имаме реални шанси за изненадување.

Секогаш е најтешко на трибини да гледаш, а знаеш дека не можеш да им помогнеш на своите колеги. Некогаш и емоциите те понесуваат, сакаш да скокнеш в терен во некои моменти. Атмосферата беше прекрасна, одигравме одличен натпревар и тој почетен притисок го отргнавме. Во Лигата на шампионите го немаме тој притисок и се надевам дека некого ќе изненадиме. А во македонското првенство одиме понатаму до зацртаните цели.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723