b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_12_fitilzg.jpg

Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Загреб во Лигата на шампионите, средба која ја загубија со еден гол разлика 22-23.

Актуелниот македонски првак се бореше низ сите шеесет минути, но и овојпат му фалеше одредена нијанса, потег за да дојде до првиот бод/бодови во елитното натпреварување. Според тренерот Бранислав Ангеловски овој негативен резултат се должи на две работи, лошата реализација во првиот дел и бавното враќање во одбрана во второто полувреме.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Им благодарам на сите што ни дадоа поддршка и што во оваа ладна битолска ноќ ги заменија домовите со салата и дојдоа да не бодрат во живо. Работевме добро во претходните денови, натпреварот го загубивме со две клучни работи - во првото полувреме тоа беше реализацијата, а во второто тоа беше враќањето кое ни беше очајно, иако знаевме дека Дибиров на оваа страна ќе оди на брз центар и ќе напаѓа од десно.

Тоа беше клучот да не можеме да напаѓаме за нерешено или за водство. На секој даден гол, примавме брзо гол, иако игравме само со една измена одбрана-напад. Вториот тајм-аут на натпреварот го зедов за одбраната и враќањето, но пак примивме два гола. Со одбраната 5-1 добивме некоја агресивност, ама на крајот одлучија тие два гола.

Филип Кузмановски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Сакам да се заблагодарам што публиката дојде во голем број и ни беше мотив. Многу ми е криво што не можеме да возвратиме на најдобар можен начин и да победиме. Тука сум три седмици, ова е млада екипа со неколку искусни имиња. Напредуваме брзо, криво ми е што не бев тука уште од почетокот. Имаме многу простор за напредок за во иднина, треба да останеме заедно.

За натпреварот со Загреб бевме подготвени, потрошивме многу време за анализи. Загреб е голема екипа, оваа сезона победи звучни имиња во Лигата на шампионите. Имавме свои шанси на овој натпревар, ама на крајот решаваа нијанси. Ветувам дека ќе бидеме подобра екипа, но ни треба време. На Загреб му посакувам се најдобро, му посакувам да ја мине групата, а нас ни останува да работиме.

Следната средба за пелистерци во Лигата на шампионите е против ПСЖ на 14 февруари 2024 година во Битола.

 

 

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723