b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_12_1701974408707.JPEG

Еурофарм Пелистер пред своите гледачи загуби од поранешниот европски првак, Загреб. Хрватскиот гигант славеше во „Боро Чурлевски“ со 22-23 (10-13).

Еурофарм Пелистер беше многу блиску до позитивен резултат. Хрватскиот шампион беше тимот што го диктираше резултатот во текот на сите шеесет минути, а нашиот состав возвраќаше. Во првиот дел разликата беше од три до пет голови, а на полувремето резултатот гласеше 10-13. И на стартот на вториот дел предноста на Загреб повторно достигна највисоки +5. Пелистер најмногу што направи е што успеа да го израмни резултатот на 18-18, но немаше сили да го сврти натпреварот во своја корист. Загреб на крајот славеше со 22-23.

Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен во редовите на македонскиот првак, Павле Петровиќ запиша четири. Калифа Гедбане забележа 14 интервенции на голот. Кај Загреб, Лука Кларица со пет голови беше најефикасен, а на голот блескаше Матеј Мандиќ со 20 одбрани.

Ракомет
Лига на шампиони 2023/24
Група А - Десетто коло

Еурофарм Пелистер - Загреб 22-23 (10-13)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.500
Судии: Андреу и Мартин (Шпаниј)а

Еурофарм Пелистер:

Гедбан, Лесјак, Цехте, Тајник 2, Кисум, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ 1, Кузмановски 8, Костески, Петровиќ 4, Петар Атанасијевиќ 1, Васиљев 2, Пешевски 3, Сери, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 12 минути

Загреб:
Мандиќ 1, Кос 1, Чавар, Фаљиќ 1, Кларица 5, Гојун, Срна 2, Грбавац, Клис, Сиротиќ 1, Кавчиќ 5, Главаш, Чупиќ 3, Дибиров 2, Моралес 3, Сухолежник
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути

Натпреварувањето продолжува на почетокот на февруари, а првиот ривал во 2024 година кој ќе дојде во Битола е ПСЖ на Раул Гонзалез.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723