b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_valter_i_bozo.jpg

Шпанска Бидасоа Ирун ќе биде последниот противник на Еурофарм Пелистер во евро-куповите во 2022 година. По убедливиот пораз од 32-20 во Баскија, екипата на Ларс Валтер засилено го подготвува можниот реванш во спортската сала „Боро Чурлевски“. Предд соочувањето со Шпанците, утревечер од 20:45 часот, пред новинарите зборуваа тренерот Валтер и крилото Ојлески.

Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Се обидуваме да ја вратиме нашата препознатлива игра, бидејќи во последните 5-6 недели со сите повреди кои нè снајдоа, играме поинаку, играме побавно. Имаме нов ракометар кој треба да го интегрираме и мора да се вратиме на нивото на игра од почетокот на сезоната. Работата на вчерашниот тренинг изгледаше добро, Хосни добро тренираше и верувам дека ќе додадеме брзина во нашата игра. Разговаравме и како да ги решиме проблемите кои ни ги создаде Агинагалде на првиот натпревар. Не бевме добри на првиот натпревар, тој е многу добар во напад, но исто така и многу спор во одбрана. Мора тоа да го искористиме, а во Ирун не го направивме тоа. Тој детаљ е еден од клучните кој може да направи разлика. Сите веруваме во добар натпревар и победа утревечер. Се надевам дека ќе ја добиеме поддршката од нашите фанови, иако како игравме лошо на последниот натпревар, не ја заслуживме. Го знаеме тоа и сакаме да оставиме добар впечаток пред божиќната пауза и ќе дадеме сè да ги освоите бодовите.

Гоце Ојлески
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Се подготвуваме, го анализираме претходниот натпревар кој го игравме во Шпанија, каде навистина одигравме лошо. Се надевам дека утре со нови сили, цел тим ќе даде максимум и ќе се израдуваме на победа на домашен терен. Очекувам да ја заокружиме оваа полусезона со победа.

Бидасоа Ирун има искусни ракометари, како што е Агинагалде, играат шпански систем на ракомет, кој можеби не е толку атрактивен за гледање, но секој си ја знае работата, добро се воиграни и носи резултати. Верувам дека имаме свои шанси и се надевам на победа.

Црногорците Стефан Иваовски и Марко Вујисиќ се делегирани за делитети на правдата на овој дуел. Делегат ќе биде Бугаринот Михаел Башев.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723