b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_hgfdmghfd.jpg

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз од Бидасоа Урун (32-20) во мечот од петтото коло на Европската лига на ЕХФ. Шпанскиот претставник беше доминантен на овој натпревар на кој постојано го диктираше темпото, резултатот, водството кое го имаше од самиот почеток, па се до крајот.

На прес-конференциата претставниците на македонскиот тим го признаа поразот.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Честитки на победата за домаќинот. Бевме премногу уморни, а тие играа моќно. На минатите четири средби се соочивме со многу незгодни повреди и тоа ни донесе многу проблеми во тимот. Ова не треба да биде изговор, но овој натпревар ни дојде премногу. Како тренер можам да кажам дека моите играчи го направија она што го можеа на терен. Сега, треба добро да се одмориме и да бидеме целосно спремни за следниот натпревар кој е за седум дена.

Марко Кизиќ
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Имавме проблеми, но и покрај тоа требаше да одиграме подобро. Најдобрата опција за нас е сега да научиме од грешките и да се фокусираме на следниот натпревар кој што ни доаѓа за седум дена.

До крајот на полусезоната Еурофарм Пелистер има уште два домашни и еден интернационален натпревар.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723