b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_larsbidasoa.jpg

Еурофарм Пелистер во следните две недели ќе одигра двомеч против шпанска Бидасоа Ируна во Европската лига.

Пред три години во двата натпревари од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер победи во Битола, откако претходно минимално загуб во Баскија. Тренерот Ларс Валтер смета дека Шпанците играат одличен натпревар, но дека неговиот тим има шанси за изненадување.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Немаме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ќе ни биде тренингот пред натпреварот во понеделник. За жал патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи интересен натпревар.

Ненад Костески
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија.

Натпреварот ќе го водат Карим и Рауф Гасми од Франција, а делегат на ЕХФ е Португалецот Антонио Гулао. Двете екипи имаат две победи и два порази во првите четири кола од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723