b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_nbvc.jpg

Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 24-35 (12-18)

Со планиранa победа на гости Еурофарм Пелистер 2 сега има ист број бодови со Тиквеш на третото место на табелата во Б групата. Битолскиот тим е поблиску до потврда на третото место кое носи и еден бод плус во разигрувањето за титулата. Екипата на Александар Јовиќ одигра доминантен натпревар и победи на гостувањето кај Радовиш (24-35) во рамки на 13. коло во ракометната Суперлига, со што изби пред Тиквеш на третата позиција.

Павле Петровиќ имаше одличен натпревар со девет гола, пред Петар Атанасијевиќ со седум, додека Дејан Кукуловски стрела шест пати. Кај Радовиш, Здравко Постолов реализира седум пати, а Јакша Вјештица имаше пет гола.

Ракомет
Суперлига
Група Б
13. коло

Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 24-35 (12-18)

Спортска сала „24 мај“ - Радовиш
Гледачи: 200
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски

Радовиш:
Паунов, Костадинов, Марков 1, Јорданов 1, Долдуров 3, С. Ѓорѓиев 1, Постолов 7, К. Ѓорѓиев, Органџиев 3, Ончев, Вјештица 5, Чапов, Трајанов, Атанасов 1, Трајчевски 2, Костадиновски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовновски, Печурица, Ристевски, Кукуловски 6, Митревски 2, Мирчевски 1, Димовски, Димитровски 1, Талевски 1, Петровиќ 9, Пет. Атанасијевиќ 7, Ивановски 3, Буторац, Белистојановски 3, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути

Во последното 14. коло Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе го пречека тимот на Јуниор Кисела Вода и со победа ќе го зацементира третото место во групата Б.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723