b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_valter_porto.jpg

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер утре му гостува Агуаш Санташ во рамките на второто коло во Европската лига. Ракометарите на Пелистер вечерва тренираа во Порто. Атмосферата е одлична, посакуваат прва радост во новата сезона.

Во првото коло двете екипи претрпеа порази - Еурофарм Пелистер во Битола од Архус, а Агуаш Санташ во Шпанија од Бидасоа Ирун.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Имаме многу добри шанси за победа на овој дуел, но мора да признаеме дека се соочуваме со проблеми со повредени играчи, како што се случаите со Суси и Сери. Исто така во ростерот имаме нов ракометар кој што треба да се воигра со екипата. По репрезентативната пауза нашиот ритам се поремети, последните три натпревари не ги одигравме како што треба. Работиме напорно да го вратиме ритамот од претходно и верувам дека тоа ќе се случи на овој дуел.

Жарко Пешевски
(РК Еурофарм Пелистер)
Агуаш Санташ не е толку висок, колку што е брз тим. Има многу подвижен среден бек, на кого мораме посебно да внимаваме. Секој натпревар е многу важен во групата и ако минатата средба правевме грешки, не значи дека овој пат не знаеме и не можеме да ги поправиме. Ќе дадеме сè од себе, бидејќи секоја гостинска победа е многу важна. Се надевам првата ќе дојде утре. По поразот од Архус во првото коло немавме многу време за подготовка, но знаеме каков противник ни следува. Преку видео анализи ја воочивме играта на противникот и колку што можевме се спремивме за овој дуел.

Агуаш Санташ е опасен и агресивен тим. Игра агресивна одбрана, па затоа мораме да бидеме трпеливи во нападот. Во овој натпревар влегуваме со ладна глава, и тие го загубија првиот натпревар и мотивацијата ќе биде иста на двете страни. Но, верувам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги слават првите бодови.

Марио Танкоски
(РК Еурофарм Пелистер)
Агуаш Санташ игра агресивна одбрана, брзи се во транзиција и играат типичен шпански ракомет. Мораме да ги намалиме техничките грешки, да не дозволиме лесни голови на противникот. Во тој случај мислам дека ќе имаат проблеми со нашата одбрана. Оваа победа ни е многу важна во остварување на целта, а тоа е пласман во нокаут фазата.

Дуелот ќе го водат австриските судии Денис Болиќ и Кристоф Хурич. Делегат ќе биде Италијанецот Марко Треспиди.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723