b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_11_thumbnail.jpg

После триумфот во домашната Суперлига во „братскиот дуел“ над Еурофарм Пелистер 2, играчите на Жељко Бабиќ во вторник (30 ноевмри) ќе ги продолжат натпреварите во Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер ќе гостува во рамките од петтото коло во групата Д, а ривал е Спортинг од Португалија кој моментно е водечки во групата со шест бодови, еден повеќе од битолчани на втората позиција. На третото место е Ним со исто така пет бодови, четири има АЕК, а на последните две места со по два бода Кадетен и Татабања.

Босанскиот интернационалец Елмир Граџан го најави натпреварот:

„Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа.

Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се спремиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме“.

Еурофарм Пелистер играше против Спортинг пред две години и тоа во Лигата на шампионите, два средби на кои претрпе порази од 36-26 и 30-29.

sponzori 2021

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: dimitar.mitrevski@eurofarm.com.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723