b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_08_245_xlarge.jpg

Мешков Брест - Еурофарм Пелистер 35-31 (18-14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во четвртфиналето се елиминирани во овогодишната сезона на СЕХА Гаспром лигата. Во возвратниот натпревар против Мешков Брест, игран попладнево во „Викторија Арена“, битолчани загубија со 35-31 (18-14)

Натпреварот започна израмнето, до 5-5 се играше гол за гол, а потоа Белорусите ја затворија одбраната и реализираа долга серија. Имено, скоро десет минути Еурофарм Пелистер не постигна гол, а Ваилипау, Врањеш и Јуранек реализираа за високи +7.

Следеше тајм-аут на Бабиќ, пелистерци се реорганизираа и преку Хрватите Кушан и Мандалиниќ „стопија“ половина од домашната предност. Левиот бек постигна пет, а пивотменот три гола и на одмор се замина со 18-14 за Мешков Брест.

Пелистерци продолжија со ист ритам како во финишот на првиот дел и ја вратија неизвесноста на натпреварот. На неколку наврати македонскиот тим имаше напад за -1, но откако не ја искористи таа шанса, Мешков експресно казни и во 43. минута пак се врати на четири гола позитива.

Обрадовиќ за петнаесет минути даде четири гола, од исто толку обиди, но домаќинот во своите редови го имаше расположениот Ваилупау, кој го полнеше голот на гостите. Во финалните десет минути од натпреварот Мешков Брест влезе со позитива од шест гола, која на крај беше намалена за два гола, за конечни 35-31.

Ваилупау одигра уште еден извонреден натпревар постигнувајќи единаесет гола без ниту едно промашување, Врањеш постигна шест гола за Мешков брест, додека најефикасни кај Еурофарм Пелистер на денешниот реванш беа Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет погодоци.

Битолчани утре се враќаат во нашата земја и ќе започнат да го подготвуваат почетокот на шампионатот на Македонија.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723