b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_07_mavrovo.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа на еднонеделни подготовки во Маврово. По петдневни подготовки во Битола, Жељко Бабиќ ја поведе комплетната екипа на базичниот дел од подготовките.

Предвидени се еднонеделни активности во познатата база во Маврово, каде пелистерци ќе ја билдаат формата за новата сезона. На 30 јули Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот контролен натпревар сезоната против Еурофарм Пелистер 2.

По враќањето во Битола и слободните денови, на почетокот од август следува третата фаза, во која битолчани ќе одиграат два контролни натпревари против Металург.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723