Регионалната СЕХА Гаспром лига денес ги објави конкретните датуми за продолжението од сезоната која стигна до четвртфиналната фаза и не заврши на вообичаен начин поради проблемите кои ги предизвика пандемијата од ковид-19.
Еурофарм Пелистер ја отвора четвртфиналната програма на 21 август, кога ќе му биде домаќин на Мешков Брест, а возвратниот натпревар се игра во Белорусија на 29 август.
Во преостанатите три четвртфинални пара играат Вардар - ППД Загреб, Веспрем - Нексе Нашице и Татран Прешов - Мотор Запорожје.