Со одигрувањето на натпреварите од осмото коло на плеј-офот, следи пауза во Суперлигата. Заради продолжувањето на квалификациите за Европското првенство во Словачка и Унгарија, следи нова ЕХФ недела и двонеделна пауза за клупскиот ракомет.
Десет ракометари на Еурофарм Пелистер се повикани за националните селекции.
Македонија: Н. Маркоски, Велковски, Костески, Маџовски
Црна Гора: Радовиќ
БиХ: Периќ, Граџан, Стјепановиќ
Хрватска: Кушан, Мараш
Тренерот Жељко Бабиќ им даде неколку слободни дена на ракометарите, а потоа ќе започне да го подготвува последниот дел на сезоната, во кој се делат трофеите во шампионатот и Купот на Македонија.