Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Четврто коло
Струга – Еурофарм Пелистер 2 24-24 (12-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, по три едноподруго порази, дојдоа до првиот бод во плеј-офот од Суперлигата, ремизирајќи 24-24 на гостувањето во Струга.
На дуелот на двата тима од дното на табелата, битолчани во самиот финиш успеаја да дојдат до бодот. Одличен натпревар одигра интернационалецот од БиХ, Павле Петровиќ, автор на девет гола.
Спортска сала „Нико Нестор“ - Струга
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Струга:
Јовановски 2, Затарокоски, Маркоски 1, Крстаноски, Савески, Рајатовски 1, Ракичевиќ, Јанкуловски 4, Димитријески, Николиќ 6 , Илиевски, Костоски 1, Ракочија 6, Симоноски, Пајкоски 3, Цветаноски
Седмерци: 3.3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Ј. Талевски 1, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски, Митревски, Мирчевски, Петровиќ 9, И. Димитровски 2, С. Талевски 1, Стоилевски 4, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки 2, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Следниот натпревар за избраниците на Александар Јовиќ е в недела кога во рамките на петтото коло во Битола гостува Охрид.