Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ се одлучи за составот за натпреварот од четвртото коло на групата Д на Лига Европа. Хрватскиот стручњак ќе поведе 16 ракометари со себе за натпреварот против Рајн Некар Левен во вторник од 20:45 часот. Гоце Ојлески се враќа во тимот, бидејќи во Битола остана Маџовски. Покрај тоа во тимот го нема и кружниот напаѓач Елмир Граџан и десното крило Никола Костески.
За првпат во ростерот на официјален натпревар се наоѓа младиот Дејан Кукуловски.
Ова е тимот на Еурофарм Пелистер за натпреварот против Рајн Некар Левен: