Еурофарм Пелистер одигра 25-25 против Кадетен Шафхуазен во третото коло на групата Д на Лига Европа.
Голманот Благојче Трајкоски можеби не блескаше како на средбата во Данска против ГОГ Гудме, но забележа една од најдобрите одбрани на колото.
Прилепчанецот собра четири интервенции, а една од нив се најде во ТОП 5 на колот. Спречениот зицер од контранапад на Фримел, беше доволен за третото место.