Ракометната федерација на Македонија ги извести сите клубови од Суперлигата, Прва лига и Женска лига декa oд денес сите натпреварувања се ставаат во мирување. Одлуката се должи на измените во протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден.
„Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со ковид-19, објавен во Службен весник на Македонија“, се вели во соопштението.