Свежи се импресиите од драмата во Гудме и поразот со еден разлика (30-29). Пелистерци сепак се свесни дека победа е и самото враќање на терен по долгата пауза и период на подготовка.
Одличниот Благојче Трајковски одлично ја искористи минутажата и одигра добар натпревар.
„По осум месеци повторно играме европски ракомет. Убаво е чувството да се игра пред публика и се надевам дека ќе се игра ракомет и во следниот период. Кога ги добивме противниците се виде дека ова ќе биде израмнета група. Покажавме дека можеме да играме со сите екипи и дека Пелистер нема да биде аутсајдер во ниту еден натпревар. Скандинавците и кога губат и кога водат играат ист ракомет. Трчаат напад-одбрана и не отстапуваат од концептот.
Се обидовме да ги успориме, но не успеавме. Имавме два шута, еден за победа и еден за нерешено, ни не погодивме и можам да кажам дека последните три минути беа клучни во дуелот. Имаме многу нови ракометари и нов концепт на игра. Играме добро и на терен живееме еден за друг“, рече прилепчанецот.
По враќањето во Македонија, голем број македонски репрезентативци ќе се подготвуваат за настапите во квалификациите за ЕП против Финска и Швајцарија, а дел ќе се јават во стожерите на своите национални селекции во БиХ и Црна Гора.