Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Европското првенство во 2022 година.
На списокот на нашиот селектор се најдоа осум ракометари на Еурофарм Пелистер и 1 ракометар на Еурофарм Пелистер 2:
- Ненад Костески
- Бојан Маџовски
- Марио Танкоски
- Дејан Кукуловски
- Градимир Чаневски
- Никола Маркоски
- Милорад Кукоски
- Мартин Велкоски
- Цветан Кузманоски
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 4 ноември 2020 против репрезентацијата на Финска. Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на 7 ноември 2020 година.
Повикани се и Радовиќ за Црна Гора и Периќ и Граѓан за Босна и Херцеговина. Спогодбено со босанскиот стручен штаб не е повикан Вегар, а Мараш нема да патува со јуниорската репрезентација на Хрватска, бидејќи натпреварот е одложен.