Тренерот Жељко Бабиќ ги одреди патниците за Данска, откако по последниот тренинг во Битола одлучи кои ракометари ќе ги пријави во протоколот. Битолчани утре напладне имаат лет од Скопје за Малме, па автобуски превоз до Гудме. Во вторник наутро предвиден е лесен тренинг и прв контакт со салата каде ќе се одигра натпреварот.
Еурофарм Пелистер за гостувањето во Гудме:
21. Градимир Чаневски (капитен)
16. Благојче Трајковски
4. Никола Марковски
10. Томислав Кушан
23. Марин Вегар
24. Милоран Кукоски
9. Стипе Мандалиниќ
11. Невен Стјепановиќ
30. Мартин Велковски
2. Матео Мареш
3. Гоце Ојлески
6. Бојан Маџовски
13. Мирко Радовиќ
19. Ненад Костески
14. Марио Танкоски
18. Јосип Периќ
Стручен штаб:
Жељко Бабиќ (тренер)
Божидар Мојсов (асистент тренер)
Ице Соколески (асистент тренер)
Натпреварот ГОГ Гудме - Еурофарм Пелистер се игра во вторник во 18:45 часот.