Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за дебитантниот натпревар на Еурофарм Пелистер во групната фаза на Лигата на шампионите. Во вторник од 18:45 часот во Данска ќе се одигра натпреварот меѓу данскиот претставник ГОГ Гудме и вицешампионот на Македонија.
Германските судии Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд ќе ја делат правдата, а делегат на ЕХФ ќе биде Јорн Мелер Нилсен од Данска.
За ГОГ Гудме ова е втор натпревар во групата Д, откако во првото коло данската екипа загуби од Кадетен Шафхаузен во Швајцарија со 29-28.