Еурофарм Пелистер 2 - Работнички 35-23 (16-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 по стартиот пораз од фаворитот Металург во Скопје, ја забележаа првата победа во новата сезона од Суперлигата, откако во Битола славеа над составот на Работнички со 35-23 (16-12).
Во текот на целиот натпревар екипата на Јовиќ водеше и доминираше. Предноста брзо дојде до 3-4 гола разлика, а клучното одлепување се случи на почетокот на вториот дел кога предноста достигна десет разлика (27-17). Дрогришки, Кузманоски и Петровски нанижаа серија на голови за победа од 35-23.
По силниот отпор на дуелот против Металург, конечно сатисфакција за младите момци на Александар Јовиќ.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Кузманоски со девет и Дрогришки со седум гола, а кај Работнички се истакнаа Ќосевски со шест и Крстевски и Атанасовски со по четири погодоци. Во третото коло в петок, битолчани гостуваат во Богданци, а Работнички го пречекува Прилеп.