Со натпреварите од првото коло во А и Б групите попладнево стартува новата сезона во Суперлигата. Според новиот систем на натпреварување, пласман во плејофот ќе обезбедат по трите најдобри екипи од двете суперлигашки групи. Останатите осум (по четири од секоја група) ќе играат плејаут-лига за опстанок, при што само победникот на таа лига ќе осигура опстанок, а второпласираниот ќе игра бараж со тим од Првата лига. Натпреварувањето во Супер-лигата ќе заврши до 1 ноември и ќе се играм во засилен ритам, секој петок и понеделник.
Група А:
Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, Голден Арт КЛ7, Охрид, Радовиш, Пролет
Група Б:
Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
Прво коло:
Групa А: Јуниор – Пролет (19:00 часот), Голден Арт КЛ7 – Охрид (19:00 часот), Астраион – Радовиш (20:30 часот)
Група Б: Металург – Еурофарм Пелистер 2 (18:00 часот), Работнички – Бутел (19:00 часот), Младост – Тиквеш (20:30)