АЕК Атина го освои турнирот во главниот грчки град, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер со 31-29. Со мали исклучоци „жолти-црните“ водеа во текот на целата средба, на моменти и убедливо. Само Стипе Мандалиниќ беше премалку за да се победи тимот кој минатата година го освои турнирот во Струга.
Почетната предност од два гола битолчани десетина минути ја одржуваа. Сепак, не одеше најдобро во нападот и АЕК дојде до подобар резултат, постојано водство и +5 на полувреме. Вториот дел брзо донесе зголемување на водството. Лошата игра во нападот на момците на Бабиќ која често завршуваше со лошо проигрување донесе шанса за АЕК да дојде и до плус осум гола. Водството постојано се зголемуваше, а тоа најавуваше средба во која тимот од Битола тешко ќе може да се врати.
Кога дојде до 29-21 во корист на составот од Грција работите станаа веќе јасни околу тоа кој победува, па на Еурофарм Пелистер остана само да ја намали негативата до финални 31-29.
Мандалиниќ натпреварот го заврши со десет гола, Периќ и Маџовски постигнаа по четири, а Чаневски запиша 11 одбрани во редовите на Еурофарм Пелистер. Битолчани настапија без повредените Вегар и Танкоски. Еурофарм Пелистер и АЕК Атина ќе се сретнат во пријателски натпревар во Атина во вторник попладне. По единаесет победи, екипата на Бабиќ првпат е поразена во подготвителниот период.