Еурофарм Пелистер дојде до втора победа на турнирот во Атина, кој е во организација на тимот на АЕК откако попладнево беше подобри од Диомидис Аргус со 31-21 (17-11). Во првите 15-20 минути македонскиот тим постојано имаше гол до два предност, но во финишот на полувремето дојде до израз разликата во квалитетот. Грците паднаа во ритамот и тоа беше искористено нод тимот од Битола за да дојде до висока предност и на одмор да замине со 17-11.
Во вториот дел предноста постојано се зголемуваше водството и Диомидис во ниту еден момент не се дозволи противникот да се доближи. Со сигурна игра се дојде и до двоцифрена предност која беше зачувана и до крај за конечни 31-21.
Најефикасни во таборот на македонскиот вицешампион беа Периќ со шест и Мандалиниќ, Кушан и Мараш со по четири гола. Во третото коло за победа на турнирот екипата на Бабиќ ќе се бори со АЕК Атина.