Тинекс Пролет триумфираше на последниот контролен натпревар во пресрет на новата сезона против Еурофарм Пелистер 2 со 28-19 (18-9) на дуел играм во Скопје. Петар Ангелов бранеше во голем стил во првото полувреме, кога беше создадена и клучнта разлика.
Домашниот состав продолжи со одлична игра и на почетокот од вториот дел, поведувајќи со 18-9 и јасно ставајќи им до знаење на гостите од Битола дека немаат шанси да стигнат до пресврт. Матлиески и Јовиќ до крајот им дадоа шанса и на неколку млади ракометари. Еурофарм Пелистер 2 покажа замор од натпреварот против Еурофарм Пелистер во средата.
Ова беше последен натпревар за Еурофарм Пелистер 2 во подготвителниот период, а следниот петок во првото коло на Суперлигата, во Битола го пречекуваат Металург.