Двете екипи на Еурофарм Пелистер ги одмерија силите во Битола, а првата екипа извојува тешка победа од 30-28. Долго време се играше израмнето, на полувреме момците на Јовиќ поведоа со 13-14, а предноста ја одржуваа до последните десетина минути. Тогаш се разбрани Трајкоски, бековите на Бабиќ постигнаа неколку ефектни голови и стигнаа до победа без драма.
Жељко Бабиќ на овој дуел играше со комбиниран состав, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 беа силно мотивирани. Одличен беше Ивановски на голот, крилата делуваа енергично, а Талевски одлично разигруваше. Јовиќ има позитивни сигнали пред дебито во Суперлигата.
Еурофарм Пелистер утре заминува на турнир во Атина, каде ќе одигра три натпревари, а надвор од турнирот закажа уште еден контролен натпревар против АЕК Атина. Еурофарм Пелистер 2 в петок игра против Пролет во последниот тест пред првиот натпревар од Суперлигата против Металург.