Овој викенд ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе гостуваат во Грција на силен ракометен турнир во организација на АЕК Атина. Учесници на турнирот „Андреас Папастаматис“ се грчките екипи АЕК Атина и Диомидос Аргус, кипарски Анортозис и македонскиот вицешампион.
Распоредот на натпревари:
Петок, 4 септември
18:00 - АЕК - Диомидис Аргус
20:00 - Еурофарм Пелистер - Анортозис
Сабота, 5 септември
11:00 - АЕК - Анортозис
13:00 - Диомидис Аргус - Еурофарм Пелистер
Недела, 6.септември
17:00 - Диомидис Аргус - Анортозис
19:00 - АЕК - Еурофарм Пелистер
Се предвидува дека за трофејот ќе се борат Еурофарм Пелистер и АЕК. Експедицијата на битолскиот клуб за Атина патува на трети септември.