Ракометната федерација на последниот состанок на Управниот одбор донесе неколку одлуки кои се однесуваат на претстојната сезона.
Клубовите во Супер-лигата нема да плаќаат котизација додека задоложителното неделно тестирање за ковид-19 ќе биде на товар на федерацијата.Тестирањата за ковид-19 ќе се вршат во ЈЗУ „8 Септември“.
Формирана е комисијата за надзор во која членуваат: Славе Николов (координатор), Камер Металари, Левче Китевски и Гино Стрезовски.