Во контролен натпревар што се одигра вчера во спортската сала „Билјанини извори“, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Охрид со 22-25 (11-13).Охриѓани пружија силен отпор против фаворитот за титула во домашното првенство. Наизвесно и израмнето на семафорот беше се до 57. минута кога Охрид не реализира контра, по што следеше казна од битолчани кои машки се испотија за победата.
Шанса да настапат на натпреварот добија сите ракометари од двата табори.
Еурофарм Пелистер ги продолжува серијата подготвителни натпревари на турнирот што во Атина го организира АЕК, пред настапот во Европските купови претстојната есен, а ГРК Охрид, внимателно ја темпира формата пред стартот на новото првенство во Суперлигата.